29.09.2025

Топ 5

spot_img

Поврзани

Меџити: Чаир ќе биде предводник на доброто како и секогаш

Драги мои сограѓани од Чаир,
Денес стојам пред вас, како еден од вас.
Како ваш сосед, пријател и соборец.
Стојам овде за да го објавам моето враќање во Чаир.
Моето враќање на местото каде што припаѓам, меѓу луѓето на кои им припаѓам, во срцето на Чаир.
Многумина можеби се прашуваат зошто се кандидирам за градоначалник.

Одговорот е едноставен и доаѓа од срце: затоа што мојата најголема должност не е кон функцијата, туку кон луѓето.
Затоа што видов дека одлуките за нашата иднина не смеат повеќе да се носат во затворени канцеларии, далеку од реалните потреби на граѓаните.

Вистинската промена се случува тука, на нашите улици, во нашите маала, во секојдневниот живот.
Во изминатата година и пол, Чаир го вративме високо на агендата на Владата:  обезбедивме откочување на сите проекти и сите фондови кои се однесуваат на Чаир, но и на општините каде што живеат Албанците во Северна Македонија.
Обезбедивме  десетици милиони евра за секоја од општините каде што живееме. Чаир веќе е градилиште. Го гледате тоа околу вас.
Сеге е време за работа, за реализација на проекти, за инвестирање на обезбедените фондови и средства.
Сега е време за решавање на сообраќајниот хаос и проблемите со паркирањето.
Сега е време за решавање на проблемот со чистотата.
Сега е време за нови градинки и воведување на едносменска и целодневна настава во нашите училишта низ Чаир.
Сега е време за културни фестивали, жива чаршија, отворено културно скопско Кале.
Сега е време за Чаир како студентски, образовен и културен центар за Албанците.
Чаир не заслужува да биде само поле за остварување на празни политички кариери. Чаир не заслужува делегирани раководители кои спроведуваат туѓи политички агенди.
Чаир заслужува работа, визија и конкретни дела.
Ова не е само кандидатура за градоначалник.
Ова е почеток на една мисија за ослободување од еднопартискиот монопол.
Мисија за кршење на стариот, корумпиран систем на една партија, кој ги држеше Албанците и сите граѓани на Чаир во зависност, страв и неизвесност.
Суштината на демократијата е промената, плурализмот, а не владеењето на една партија која се поистоветува со државата.
Време е на тој монопол конечно да му ставиме крај, а Чаир да биде предводник, како секогаш!

Нашата визија е јасна: Чаир да стане модерна, функционална и европска општина. Место каде секој граѓанин ќе живее достоинствено.
Затоа, нашата програма не е список со желби, туку конкретен и остварлив план, кој веќе почнавме да го реализираме. Додека другите зборуваат, ние работиме.
Нашите приоритети се вашите најголеми проблеми:
Сообраќај и паркирање: Хаосот мора да заврши. Затоа, предвидуваме изградба на подземен паркинг кај плоштадот „Скендербег“, катна гаража во комплексот „Чаирчанка“, како и монтажни гаражи во Топанско Поле и кај салата „Партизан“. Конечно ќе ги прошириме клучните артерии како улицата „Цветан Димов“ за да го олесниме движењето.
Чистота и животна средина: Чаир нема повеќе да биде синоним за нечистотија. Ќе воведеме модерен систем за управување со отпад, ќе ги исчистиме дивите депонии и ќе создадеме нови зелени површини. Нашите улици ќе бидат чисти, а нашите паркови безбедни за нашите деца.
Млади, образование и економија: Младите не се нашата иднина, тие се нашата сегашност. Затоа, ќе основаме бизнис инкубатор за стартап компании и Локален иновациски фонд за млади претприемачи. Ќе инвестираме во целосна реконструкција на училиштата, воведување на паметни табли и создавање модерни услови за образование. Нашите деца го заслужуваат најдоброто.
Култура и спорт: Ќе го вратиме сјајот на културниот живот во Чаир. Ќе ги поддржиме локалните уметници, ќе ги заживееме културните манифестации и ќе инвестираме во спортската инфраструктура за да можат нашите млади да го развиваат својот талент.

Драги сограѓани, драги чаирчани,
Мојата кариера ја изградив тука, со вас.
Секогаш сум бил достапен и секогаш ќе бидам.
Вратите на општината ќе бидат ширум отворени за секого, без разлика на партиска или етничка припадност.
Ќе работиме транспарентно, одговорно и во постојана комуникација со вас.
Ова е наша заедничка битка. Битка за Чаир каков што сите го сонуваме. Ве повикувам да ни се придружите. Да застанеме заедно и да покажеме дека времето на поделби и лаги заврши.
Време е за работа, за ред и за развој! Време е за Чаир!

Популарни