29.09.2025

Топ 5

spot_img

Поврзани

Горан Марковски влегува во трката за градоначалник на Скопје

Професорот Горан Марковски, декан на Градежниот факултет е независен кандидат за градоначалник на Скопје. Како што соопштија од граѓанската платформа „Независни заедно“ овој истакнат интелектуалец и борец за безбедно и убаво Скопје ќе ја промовира својата кандидатура на утрешната прес-конференција на која ќе ја претстави својата мотивација за влез во трката, визијата на делување и новиот пристап кон локалната власт.

Заедно да му дадеме шанса на градот, шанса да го водат стручни лица со храбро лидерство и визија за поубав град по мерка на човекот – велат од граѓанската платформа која ја поддржува кандидатурата на Марковски.

Проф. д-р Горан Марковски e член на Катедрата за бетонски и дрвени конструкции. Дипломирал на Градежниот факултет во Скопје  1986 година, магистрирал во 1994 година, а докторирал во 2003 година на Градежниот факултет при УКИМ.  Зад себе има долгогодишно искуство, знаење и стручност за состојбите во градот.

Популарни