Општина Гази Баба ќе добие нова детска градинка која ќе се гради во Сингелиќ.
– Денес е потпишан договор со Министерството за социјална политика, демографија и млади, со кој се обезбедуваат средства за изградба на нова, современа детска градинка во Сингелиќ. По Трубарево, Инџиково и просторот помеѓу Маџари и Керамидница – сега и Сингелиќ добива градинка. Овие проекти децении наназад беа само празни ветувања кон жителите на Гази Баба, објави градоначалникот Бобан Стефковски.
– Кога дојдов за градоначалник, не постоеше ниту еден готов проект за изградба на нова детска градинка. Денес, веќе се реализираат четири – токму како што ветив. Искажувам искрена благодарност до Премиерот и Министерот за социјална политика, демографија и млади за поддршката во реализацијата на овие важни проекти. Ова е доказ дека кога институциите соработуваат, граѓаните добиваат вистински резултати. Работам чесно, со чист образ и со целосна посветеност на граѓаните. Кај мене нема лага. Му служам на народот и така ќе продолжам, додава Стефковски со ветување дека Гази Баба ќе продолжи да се развива – со дела, не со зборови!
Инаку тој е кандидат за уште еден мандат како градоначалник на Гази Баба на претстојните локални избори.