Градоначалникот на Општина Кисела Вода, Орце Ѓеорѓиевски, денеска беше домаќин на новоименуваната амбасадорка на Република Словачка, Н.Е. Ивета Хрицова.
На состанокот, кој се одржа во пријателска и конструктивна атмосфера, се разговараше за можностите за унапредување на билатералната соработка, како и за преземање на европски практики во функционирањето на локалната самоуправа.
„Словачка е пријателска земја која поминала низ процеси од кои ние денес можеме многу да научиме. Верувам дека оваа средба ќе биде основа за понатамошна соработка и поддршка, во интерес на граѓаните и подобрување на условите за живеење“, изјави Ѓеорѓиевски.