Независниот кандидат за градоначалник на Скопје, Горан Марковски, со утринска порака се обрати до скопјани, нагласувајќи ја важноста на организацијата и редот во одржувањето на градот.
„Добро утро, Скопје! Ако секое утро се туширате и спаструвате за да излезете од дома, така е и со градот… секое утро треба да е спастрен и дотеран за граѓаните. Нема философија во чистиот град – само добра организација, математички прецизна и инженерски точна“, порача Марковски.
Со оваа порака, Марковски потенцира дека еден од неговите приоритети ќе биде чистотата и уреденоста на Скопје, преку ефикасно и професионално менаџирање на комуналните служби.