29.09.2025

Топ 5

spot_img

Поврзани

Вечерва привремен сообраќаен режим во Скопје

СВР Скопје ги информира граѓаните дека денес, 23 септември 2025 година (вторник), во периодот од 17:30 до 21:00 часот ќе биде воведен посебен режим на сообраќај поради одржување на трка.

Трката ќе започне пред Основното училиште „Кочо Рацин“, а трасата ќе продолжи десно по улицата „Тодор Александров“, потоа по „Партенија Зографски“ и „Ацо Караманов“.

Единицата за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за регулирање на сообраќајот, кој ќе биде пренасочуван по околните сообраќајници.

СВР Скопје апелира до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат наредбите на полициските службеници со цел безбедно и непречено одвивање на настанот.

Популарни